• сабота, 23 ноември 2024

ЕБОР ќе презентира наоди од програмата „Млади во бизнис“

ЕБОР ќе презентира наоди од програмата „Млади во бизнис“

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска во Скопје ќе одржи настан на кој ќе бидат презентирани наодите за процена на пазарот кај нас за програмата „Млади во бизнис“.

На настанот ќе се обрати претставникот на ЕБОР во државата, Фатих Туркменоглу, а се очекува присуство на амбасадорите на Италија и Шведска во земјава, Андреа Силвестри и Ами Ларсон Јаим, како и на Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

Предвидено е потпишување договор со Прокредит банка за финансирање проекти во рамките на програмата „Млади во бизнис“.

Оваа програма за Западен Балкан, ЕБОР ја почна во 2021 година, со поддршка од земјите донатори – Шведска, Италија и Луксембург. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан