Душарм: Објавувањето на статистиката на финансиските сметки е големо достигнување на Народната банка
- Директорот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луј Марк Душарм упати честитки до тимот на Народната банка за првото објавување на статистиката на финансиските смет

Во обраќањето Душарм истакнува дека монетарната и финансиската статистика ги даваат потребните информации за носењето и следењето на политиките на финансискиот сектор и оти улогата на централните банки станува уште поважна и посложена.
- Со постојаната револуција на податоците и сѐ посложениот финансиски систем, се зголеми и потребата од повеќе грануларни податоци, а нашата улога како некој што подготвува податоци и статистика стана уште поважна и посложена. Покрај нашата традиционална улога на обезбедување навремени, точни и веродостојни податоци за анализа и носење политики, ние имаме улога и на кредибилен советник за корисниците и за овој нов свет, каде што изворите на податоци се зголемуваат со голема брзина, посочува меѓу другото директорот во ММФ во обраќањето. бак/сп/