• среда, 25 декември 2024

Дутерте: Преземам одговорност, но нема да ми суди Меѓународниот кривичен суд

Дутерте: Преземам одговорност, но нема да ми суди Меѓународниот кривичен суд
Манила, 21 октомври 2021 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте потврди дека ја презема целосната одговорност за војната против дрогата, во која досега се убиени илјадници луѓе и нагласи дека никогаш нема да му суди Меѓународниот кривичен суд. Мандатот на филипинскиот претседател истекува следната година, а тој рече дека ќе се соочи само со филипинскиот суд за сите наводни злосторства. Дутерте изјави дека ако некој оди во затвор, тоа ќе биде тој, како и дека ќе преземе целосна одговорност. - Ќе го повторам она што веќе го кажав, ако ја уништите мојата земја и ги уништувате младите луѓе снабдувајќи ги со дрога, ја уништувате иднината, нагласи Дутерте. Претседателот на Филипините ова го рече еден ден откако Министерството за правда на таа земја соопшти дека ќе изврши ревизија на илјадници убиства, откако беа објавени деталите за првата серија случаи, „што укажува на валкана игра во десетина операции на полицијата во кои беа убиени луѓе“. Филипините се под притисок на Обединетите нации да ги истражи наводите за систематски убиства на осомничени за трговија со дрога и Меѓународниот кривичен суд, кој соопшти дека ќе ја истражи кампањата на Дутерте за борба против дрогата. Полицијата уби повеќе од 6.000 луѓе во операциите против дрогата, но активистите велат дека мистериозни вооружени напаѓачи убиле илјадници корисници и трговци со дрога, додека филипинската полиција ги негира наводите. паг/  

Остани поврзан