• сабота, 23 ноември 2024

Дурaнт ќе стане акционер на ПСЖ

Дурaнт ќе стане акционер на ПСЖ

Париз, 13 август 2024 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс и американскиот репрезентативец Кевин Дурант ќе стане малцински акционер на Пари Сен-Жермен.

Како што објави „L'Equipe“, Дурант ќе купи удел во парискиот клуб за неколку милиони евра. 

На 6 август тој го посети кампусот на ПСЖ. Кошаркарот е навивач на парижаните и добар пријател со неговиот сопственик Насер Ал-Келаифи.

На 11 август, Дурант стана првиот четирикратен олимписки шампион во тимски спортови.

На 10 август Американците ја победија Франција (98:87) во финалето на Олимпијадата 2024 година. 

Дурант претходно го освои олимпиското злато со тимот на САД во 2012, 2016 и 2020 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан