• понеделник, 23 декември 2024

Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство

Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Законот и регулативите се важни, но поважно е како општество да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

Министерството за економија и труд, кое од годинава ги презема надлежностите во овој секторот, Дурмиши рече дека е посветено на развивање на регулативи кои ќе одговараат на новите предизвици кои го носи дигитализацијата и најави дека се работи на создавање законска рамка што ќе ги земе предвиди и физичките и психосоцијалните аспекти на работата во современиот свет. 

-Како министер и човек верувам дека нашиот прв приоритет треба да бидат луѓето, затоа што и во сржта на секоја промена и технолошки развој стојат луѓето. Мораме да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и ментално здравје на работниците, изјави Дурмиши. 

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска во Скопје организираат настан за одбележување на овој датум и, заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на безбедноста на работните места и заштита на здравјето на работниците. аа/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан