• сабота, 23 ноември 2024

Дуковска прва, Гроздановска втора на коњичкиот турнир Србија опен

Дуковска прва, Гроздановска втора на коњичкиот турнир Србија опен

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) – Македонските натпреварувачки имаа забележителни резултати на коњичкиот турнир Србија опен одржан викендот во Белград.

Во натпреварот со висина на пречките од 1,10 м Сиља Дуковска  со грлото Ехо го освои првото место а втора беше Леонида Гроздановска со грлото Кардино 14, на третата позиција се најде Дејан Гугуќ од Хрватска.

Гроздановска со Октавијан 14 беше на второ место и во баражниот нтпревар висина 1.20 м.

 

Покрај Дуковска со грлото Ехо од клубот Илинден и Гроздановска со грлата Кардино 14 и Валентино од Анималс, дел од македонската експедиција беа и: Сандра Маслинко со Еландо, Кристина Антовска со Дон Октавијан и Лиа Каев со Аполо сите од Анималс и Ева Димитриевска со грлата Киви и Ерос од Бравадос. Тие  настапија во натпреварот за млади јавачи и коњи со висина на пречки 0,80-0,90 м така наречен ЕК-ЕКВО каде што сите што ќе го завршат паркурот без казнени поени го делат првото место. зс/

Остани поврзан