• недела, 01 септември 2024

ДУИ организира непосредни партиски избори во 10 ограноци

ДУИ организира непосредни партиски избори во 10 ограноци
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - Демократската унија за интеграција денеска ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.Како што најавуваат од партијата, ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, денеска на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.- Овој целосно демократски процес се одвива во сите организациски структури, со најмалку двајца кандидати за секој локален совет или огранок. Демократската унија за интеграција ги повикува сите да станат дел од модерната градба на нашата заедничка иднина на наредните 20 години, велат од партијата.
По завршување на изборниот процес, како што најавуваат од партијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Тетово ќе одржи прес-конференција во 18:30 часот на која ќе ги соопшти изборните резултати. фф/бак/

Остани поврзан