• сабота, 22 февруари 2025

ДУИ: Маргинализирани, игнорирани и без улога – Влен останува заглавен во опозицискиот менталитет

ДУИ: Маргинализирани, игнорирани и без улога – Влен останува заглавен во опозицискиот менталитет

Скопје, 16 јануари 2025

Губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето.

Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.

Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.

ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.

Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси.

 

Демократска унија за интеграција

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан