• сабота, 23 ноември 2024

ДУИ: Демократски избори во ограноците на ДУИ по принципот еден член, еден глас

ДУИ: Демократски избори во ограноците на ДУИ по принципот еден член, еден глас
Скопје, 4 април 2022 Демократската Унија за Интеграција организира внатре партиски избори во нејзините ограноци во Тетово, Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Желино, Теарце, Арачиново, Чашка, Студеничани, Брвеница и Долнени. Според Статутот, членството во Демократската Унија за Интеграција е слободно и доброволно бидејќи ДУИ е отворена за сите граѓани на Република Северна Македонија. Во овој изборен процес се применува принципот утврден во статутот усвоен на последниот партиски конгрес, еден член еден глас. Овој принцип ќе ги определи претседателите на локалните ограноци на ДУИ кои веќе се на внатре партиски избори. Во сите горенаведени ограноци процесот на онлајн зачленување веќе е почнат и истиот процес се очекува да заврши до месец Јуни ова година. Демократската Унија за Интеграција ги поканува сите граѓани кои чувствуваат дека се подготвени да придонесат кон креирањето на политики за подобра иднина за сите нас, да не се двоумат, да се зачленат онлајн на: www.regjistrim.mk или на релевантниот огранок каде припаѓаат и со тоа да станат дел од изборите внатре во партијата. Член на ДУИ може да стане секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, тие кои ќе ја прифатат Програмата, Статутот на партијата и ќе се изјаснат и пополнат формуларот за членство во партијата во електронска форма. Демократка Унија за Интеграција (ДУИ) ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан