• среда, 27 ноември 2024

ДУИ: Ги отворивме своите редови за претставници на граѓанското општество

ДУИ: Ги отворивме своите редови за претставници на граѓанското општество
Скопје, 15 септември 2021 Демократската унија за интеграција (ДУИ), во овој нов мандат ја подаде својата рака кон граѓанското општество, вклучувајќи во нејзините редови многу успешни личности од различни области кои веќе се дел од Листите за општински советници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 Октомври. На овие локални избори, Демократската унија за интеграција ги отвори своите редови за претставници на граѓанското општество кои веќе се дел од листите за општински советници, претставници кои се покажаа како достојни и способни за управување и водење бизниси и различни проекти, професии кои бараат напор и жртва и кои истиот придонес ќе го продолжат и во корист на граѓаните, иако сега во поинаква форма. Демократската Унија за Интеграција минатата недела објави јавен конкурс за советници во општина Гостивар, на кој интересот на граѓаните беше исклучително голем, правејќи ја најдобрата селекција за граѓаните на Гостивар, бидејќи огромно мнозинство кандидати сод Иницијативата „Гостивар го сакам“ се дел од листата на советници, вклучително и оние кои се пријавија на конкурсот. Во сите ограноци, Демократската Унија за Интеграција вклучи претставници од граѓанското општество на листите за општински советници, со единствена цел придонесот да биде што е можно поголем преку заедничкото одлучување, за еден нов стандард на локално ниво. Демократска Унија за Интеграција ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан