• недела, 24 ноември 2024

Дубровник годинава очекува 354 крузери и над 600.000 туристи

Дубровник годинава очекува 354 крузери и над 600.000 туристи
Дубровник, 27 јануари 2021 (МИА) - Директорот на Дубровничкото пристаниште, Блац Пезо смета дека за 2021 година е најавено пристигнување на 354 бродови крузери, со повеќе од 600. 000 патници на пристаништето во Дубровник. Како градски советник, Пезо учествуваше во дискусијата на Градскиот совет на Дубровник за висината на туристичката такса за крстаречките бродови во меѓународниот поморски сообраќај кога бродот е закотвен на пристаниште во областа на Дубровник до 2022 година, јави Хина. - Пазарот за крстарења може да заздрави од 1 јуни. Најавите се прилично добри, а дали тоа ќе се случи зависи од епидемиолошката состојба, рече Пезо. Иако некои градски советници забележаа дека одлуката за висината на туристичката такса треба да се одложи, Пезо одговори дека сопствениците на бродови веќе се запознати со одлуката и дека овие давачки се веќе вклучени во нивните аранжмани, така што никој нема да биде оптоварен. си/сд/

Остани поврзан