Дубоа за поразот од Усик: Дадов сè што имав
- Англискиот боксер Даниел Дубоа се осврна на поразот во борбата со Украинецот Олександр Усик.
Лондон, 20 јули 2025 (МИА) - Англискиот боксер Даниел Дубоа се осврна на поразот во борбата со Украинецот Олександр Усик.
-Дадов сè што имав. Не ги омаловажувам заслугите на овој човек. Но, ќе се вратам, изјави Дубоа за „Њујорк тајмс“.
Усик повторно го победи британскиот боксер. Младиот Дубоа беше нокаутиран по втор пат. Усик синоќа победи со нокаут во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион во тешка категорија.
Триесет и осумгодишниот Усик има 24 победи и ниту еден пораз, 27-годишниот Дубоа има 22 победи и два пораза. зс/
Фото: ЕПА