• петок, 05 декември 2025

Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур

Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур

Њујорк, 22 август 2025 (МИА) - Напад со беспилотно летало врз конвој на Обединетите нации ги запали и уништи сите 16 камиони што носеа храна во северен Дарфур во Судан, погоден од глад, соопштија вечерва Обединетите нации.

Според портпаролот на ОН, сите возачи на конвојот на WFP и помошниот персонал се безбедни.

Не е познато кој е напаѓачот, објавија ОН.

Ова е втор ваков напад во последните три месеци, извршен со намера да се спречи конвој на ОН да достави храна во Северен Дарфур.

Во јуни беше нападнат конвој на Светската програма за храна и УНИЦЕФ, при што загинаа пет лица, а неколку други беа повредени.

Судан е во граѓанска војна од 2023 година. Од едната страна е армијата, од другата паравоените Сили за брза поддршка, а во граѓанската војна досега загинаа 40.000 лица, додека 13 милиони се избегани и раселени. ОН наведува дека околу 25 милиони лица се изложени на ризик од акутен глад.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан