Дробњаковиќ: Иницијативата Отворен Балкан е поддршка за српските компании
- Планираното отворање на регионот, во рамките на Иницијативата Отворен Балкан, претставува поддршка за работа и вработување во домашни компании, се наведува во соопштението на Унијата на работ
Белград, 31 јули 2021 (МИА) - Планираното отворање на регионот, во рамките на Иницијативата Отворен Балкан, претставува поддршка за работа и вработување во домашни компании, се наведува во соопштението на Унијата на работодавачи на Србија (УПС).
- Србија има најголема размена и остварува најголеми суфицити со земјите од Западен Балкан, бидејќи нашите компании пласираат најголем дел од својот извоз на тој пазар, истакна директорот на УПС, Срѓан Дробњаковиќ, коментирајќи ја важноста на потпишаните документи од српскиот претседател Александар Вучиќ во Скопје и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама.
Дробњаковиќ изјави дека пазарот на Западен Балкан е физички најблиску до Србија и затоа подразбира најниски транспортни трошоци, како и дека земјите од регионот најдобро ги знаат српските производи и брендови.
- На српските компании им е далеку потешко да освојат нов пазар во Европска Унија, поради поголемата заситеност на пазарот и комплексноста на постапката за извоз на стоки што доаѓаат надвор од ЕУ, така што отворањето на границите во регионот го поддржува извозот и приходите на компании од Србија и регионот, посочќи Дробњаковиќ. ми/