• сабота, 23 ноември 2024

Државно првенство во џудо и џиу џица во општина Илинден

Државно првенство во џудо и џиу џица во општина Илинден

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 30 март 2024

Во Општина Илинден, денес е центарот на спортските случувања, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” се одржува државно првенство на џудо и џиу џица. Федерациите на џудо и џиу џица ги одржуваат државните првенства за категориите пионери и сениори. На ова државно првенство учествуваат 14 екипи од повеќе градови од Македонија, каде терените се борат околу 200 борци

На Државното првенство се обрати и ги поздрави присутните, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, пришто ги прогласи натпреварите за отворени. Тој истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа е одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина.

Државното првенство се одвива на две борилишта, со 16 судии, а натпреварите течет во најдобар ред во позитивен спорски дух, а љубителите на овој спорт имаат можност да ги погледнат динамичните борби, дуо-систем што значи презентација на техники за самоодбрана.

Општина Илинден

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан