Државен шампионат во традиционално карате во Будо центарот „Недеви“
- Шампионатот, воедно, ќе биде проверка пред официјалниот ЕТКФ Европски шампионат кој од 28-31 октомври 2021 ќе се одржи во Белград, Србија.

Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) - Во Будо центарот „Недеви“ во Кисела Вода денеска ќе се одржи 53. Државен шампионат на Македонија во традиционално карате за сениори-младинци, јуниори, кадети и деца во кихон, џиу ипон кумите, кого-кумите и кумите.
Шампионатот, воедно, ќе биде проверка пред официјалниот ЕТКФ Европски шампионат кој од 28-31 октомври 2021 ќе се одржи во Белград, Србија. ар/лв/