• сабота, 23 ноември 2024

Драган Мијалковски добитник на признание за животно дело на 27. „Златна бубамара на популарноста“

Драган Мијалковски добитник на признание за животно дело на 27. „Златна бубамара на популарноста“

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Музичката легенда Драган Мијалковски на 27. издание на „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе добие признание за животно дело. Наградата ја доделува Академијата на манифестацијата.

Мијалковски ќе настапи на „Златна бубамара на популарноста“ со голем ревијски оркестар во живо, изведувајќи колаж од неговите најопуларни рефрени. Тој на своите 74 години, со настапот на „Златна бубамара на популарноста“ се претставува како своевиден Синатра на домашната музика.

Драган Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера почнала на аудиција „Бараме млади таленти“ во 1969 година, кога ден по настапот ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше респектирано место и на екс-ју сцената.

Најголема популарност достигна во 70-ите и 80-ите години, кога соработуваше со екс-ју композиторите Војкан Борисављевиќ, Никица Калоѓера, Славе Димитров, Александар Ацо Кораќ, Зденко Руњиќ, со чии песни учествуваше на повеќе музички фестивали во Белград, Загреб, Сараево, Опатија, Скопје.

-За сите посетители ќе има колективно фотографирање за пасош и лична карта, што е причина повеќе добро расположение кај сите среќници кои ќе бидат дел од најпосакуваниот културен настан во Македонија, најавуваат од „Златна бубамара на популарноста“.

Билетите се во продажба он-лајн преку сервисите на karti.com.mk и mktickets.mk или во цвеќарницата „Розе Веро 2“ во Скопје.бт/лв/

Фото: Радио Бубамара

Остани поврзан