• среда, 25 декември 2024

ДПС ќе побара оценка на уставноста на Законот за вероисповест

ДПС ќе побара оценка на уставноста на Законот за вероисповест
Подгорица, 3 февруари 2021 (МИА) - Демокаратската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС) на Мило Ѓукановиќ денеска најави дека ќе поднесе барање до Уставниот суд да ја оцени уставноста на сет закони, меѓу кои и измените во Законот за слобода на вероисповест. Членот на ДПС, Данијел Живковиќ истакна дека барањето не е опструкција од опозицијата туку „мнозинството  го немале потребниот број на гласови за изгласување на тие закони“. Пратениците на ДПС ја бојкотираа седницата на 20 јануари, на која беа усвоени законите. - Нашите очекувања се дека одлуката ќе биде позитивна и оти законите ќе бидат поништени, посочи Живковиќ. ми/

Остани поврзан