До 2030 година ќе се појават пет нови работни места кои денес не постојат
- Иднината на трудот се менува брзо- технологијата, климатските промени и новите стилови на живот создаваат потреба за работни места кои денес изгледаат невозможни
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Иднината на трудот се менува брзо- технологијата, климатските промени и новите стилови на живот создаваат потреба за работни места кои денес изгледаат невозможни. Стручњаците предвидуваат дека до 2030 година ќе се појават работни позиции кои ќе бидат предизвик за компаниите и поединците. Меѓу нив се:
Тренер за вештачка интелигенција-човек кој ќе го учи роботот да размислува и донесува етички одлуки
Дизајнер на виртуелни светови- креатор на функционални и естетски дигитални простори за метаверзумот и „онлајн“ настани.
Советник за дигитално благосостојба- експерт кој помага во балансирање на „онлајн“ и „офлајн“ животот и намалување на дигиталниот стрес.
Менаџер за климатска адаптација- стручњак кој помага компаниите и заедниците да се прилагодат на екстремни временски услови и одржлив развој.
Курир за автономни возила и дронови- надгледува и интервенира при автономни испораки, обезбедувајќи комуникација меѓу технологијата и луѓето.
Доколку идните работници сакаат да ја добијат работата за која аплицираат, ќе мора да поседуваат карактеристики како: способност за учење, прилагодување и користење на дигитални и креативни вештини. мв/ссм/
Фото: ВИ