• вторник, 24 декември 2024

До 15 август продолжен рокот за поднесување барања за поддршка на органското производство

До 15 август продолжен рокот за поднесување барања за поддршка на органското производство
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Владата на денешната седница ја усвои измената на Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2022 година со која до 15 август се продолжува рокот за поднесување барања за директни плаќања. -Целта е сите земјоделци во органското производство да можат навреме да го остварат правото на субвенции, наведува Владата. Ваквата одлука на својот фејсбук профил ја соопшти и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. мч/ац/

Остани поврзан