• среда, 25 декември 2024

До СЗО поднесена нацрт-резолуција со која се бара Израел да ги заштити медицинските тимови

До СЗО поднесена нацрт-резолуција со која се бара Израел да ги заштити медицинските тимови

Женева, 9 декември 2023 (МИА) - Седумнаесет земји членки и Палестина, која има посебен статус во рамките на Светската здравствена организација (СЗО), доставија до организацијата нацрт-резолуција со која бараат Израел да ги почитува своите обврски кога станува збор за заштита на медицинските и хуманитарни тимови во Појасот Газа.

Нацрт-резолуцијата го повикува Израел да „обезбеди почит и заштита за сите медицински и хуманитарни работници и апелира до меѓународната заедница да обезбеди доволно финансиски средства за реконструкција на здравствениот систем во Газа, пренесуваат палестинските медиуми.

Нацрт-резолуцијата укажува и на ризиците од присуството на илјадници тела кои се уште под урнатините, како и лошите хигиенски услови и пренатрупаноста во засолништата во Појасот Газа.

Меѓу земјите кои ја доставија нацрт-резолуцијата до СЗО се земјите од Блискиот Исток и мнозинското муслиманско население, како и Кина и Боливија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан