• сабота, 23 ноември 2024

Течат роковите за изборните дејствија за претседателските и за парламентарните избори 2024

Течат роковите за изборните дејствија за претседателските и за парламентарните избори 2024

Скопје, 26 март 2024 (МИА) – Политичките партии во опозиција и политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, согласно роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) за претседателските и парламентарните избори до денеска треба да ги достават предлог членовите за избирачки одбори.

-Политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, предлозите за членови на ИО и нивните заменици ги доставуваат до ОИК во рок од пет дена од денот на добивањето на известувањето, најдоцна до 26 март, се наведува во роковникот од ДИК.

Кога станува збор за парламентарните избори до денеска е и рокот за доставување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Избирачки список

ДИК по поднесените барање одлучува со решение во рок од три дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

Избирачкиот список за претседателските избори во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна на 02 април.

ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, најдоцна на 08 април.

Избирачкиот список за парламентарните избори во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува на 02 април, а го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, односно на 22 април. свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан