• среда, 27 ноември 2024

Дојче бан: Популарната шема за месечни билети од девет евра е голем успех

Дојче бан: Популарната шема за месечни билети од девет евра е голем успех
Берлин, 28 август 2022 (МИА) - Популарната шема за месечни билети на германскиот железнички оператор Дојче Бан завршува следната недела, а директорката за регионален транспорт на компанијата Евелин Пала го прогласи експериментот за голем успех. Околу 26 милиони луѓе купија месечни билети за јуни, јули и август само преку продажните места на Дојче Бан, објави Пала. Таа додаде дека „секој петти купувач на месечен билет од 9 евра повторно го открил јавниот превоз“. - Во тримесечниот период повеќе патници патувале со јавен превоз со месечен билет отколку пред пандемијата, рече Пала.
   

Остани поврзан