• среда, 27 ноември 2024

Дојче банк оствари најголем профит во последните 15 години

Дојче банк оствари најголем профит во последните 15 години

Франкфурт, 2 февруари 2023 (МИА) -   Дојче банка информира дека нејзиниот профит во 2022 година бил најголем во последните 15 години, благодарение на новата стратегија, изјави денеска генералниот директор Кристијан Севинг.

Од помош бил и големиот даночен кредит, пренесува ДПА.

Севинг ја потврди својата цел за постигнување „одржлив“ раст во наредните години и дополнително зголемување на приносите за акционерите.

Добивката на банката пред оданочување порасна за 65 отсто минатата година и достигна 5,6 милијарди евра (61,6 милијарди долари), соопшти Банката. Нето приходот се зголеми повеќе од двојно на годишно ниво, на околу 5,7 милијарди евра.

По одбивањето на каматите на сопствениците на обврзниците, акционерите имаа повеќе од пет милијарди евра профит, што е повеќе од 1,9 милијарди евра една година претходно.

Банката, исто така, имаше корист од еднократниот даночен кредит од 1,4 милијарди евра.

Најновите бројки покажуваат дека банката се враќа на она ниво на профит што ги објави пред финансиската криза во 2008 година.

Во 2007 година, рекордна година, Дојче банк забележа добивка пред оданочување од повеќе од 8,7 милијарди евра. Но, банката беше принудена да направи значителни промени по кризата, по што известуваше за загуби пет последователни години, заклучно со 2019 година. ссм/

Остани поврзан