• среда, 29 јануари 2025

Дојран доби модерно возило за метење и миење на улиците

Дојран доби модерно возило за метење и миење на улиците

Дојран, 27 јануари 2025 (МИА) - Општина Дојран доби ново, модерно и мултифункционално возило за метење и миење под висок притисок на улици, тротоари и други јавни површини со капацитет од 4,5 метри кубни и резервоар за вода од 3.500 литри.

Веста ја објави градоначалникот Анго Ангов на неговиот фејсбук профил, каде напиша дека целта на набавката на ова специјализирано возило е подобрување на хигиената и чистотата на јавните површини и улиците во Општината.

Инаку, возилото е набавено во соработка со Бирото за регионален развој (БРР) и Општина Дојран. Целиот износ на набавката изнесува 5.778.003 денари од кои 4 милиони денари се преку БРР, а 1.778.003 денари е учество на локалната самоуправа. рт/дма/

Фото: Општина Дојран

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан