• петок, 05 декември 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”, во тек се антитерористички проверки

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”, во тек се антитерористички проверки

Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - МВР соопшти дека денеска во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата „Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани.

Според МВР, во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан