• вторник, 24 декември 2024

Досега поднесени 580 пријави до Општина Валандово за штетите од невремето од 2 јули

Досега поднесени 580 пријави до Општина Валандово за штетите од невремето од 2 јули

Валандово, 8 јули 2024 (МИА) - Во архивата на Општина Валандово досега се поднесени 580 пријави за штети од невремето кое го зафати валандовско на 2 овој месец, информираше градоначалникот Перо Костадинов.

Според него, бројот на пријавите ќе биде поголем од досегашните, бидејќи пријавувањето на штетите трае до утре и тогаш ќе се знае точно колку граѓани ќе побараат оштета за претрпените штети од невремето.

-Најголем дел од пријавите за штета се однесуваат за градот Валандово, земјоделските посеви околу него и атарот на село Пирава. Штети има и на други места, но невремето најасилно удри по посевите и голем дел од овошните насади се уништени, а големи се и штетите на повеќе објекти, изјави Костадинов.

По завршувањето на пријавувањето од страна на Општинската комисија за проценка штетите ќе биде подготвен извештај, кој ќе биде доставен до Советот на усвојување, а потоа ќе биде доставен до соодветната владина комисија.

Силниот ветер проследен со дожд и град на 2 јули искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили. рт/цр

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан