• среда, 25 декември 2024

Дополнителен ден обука за теренските инструктори во Општина Кичево

Дополнителен ден обука за теренските инструктори во Општина Кичево

Кичево, 27 март 2021 (МИА) - Иако прелиминарно беше најавено, обуката за теренските инструктори да трае три дена, сепак, овластените државни инспектори одлучија и денеска да продолжи обуката на теренските инструктори во Кичево, како во целост, успешно би ја совладале зададената материја, потврди овластениот државен инспектор, Јованчо Сапунџиоски.

Сапунџиоски појасни дека во моментов, од исклучителна важност е теренските инструктори добро да ја владеат предвидената материја, затоа што тие се поврзани со теренските попишувачи. Тој дополни дека не може во секој момент да се има целосно согледување во работата на толкав број теренски попишувачи и затоа се тука теренските инструктори, добро обучени да дадат полн придонес во успешно спроведениот попис.

Во Кичево има 13 теренски инструктори. Сапунџиоски најави дека и за теренските попишувачи не е исклучено обуката да биде продолжена на уште еден ден. за/ар/

Остани поврзан