Допинг скандал во НБА
- Кошаркарот на Филаделфија Пол Џорџ е суспендиран поради позитивен наод на допинг тест
Филаделфија, 31.јануари 2026 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија Пол Џорџ е суспендиран поради позитивен наод на допинг тест. НБА реагираше веднаш и играчот е суспендиран со 25 натпревари поради кршење на правилникот за антидопинг.
- Во последните години често зборував за тоа колку е важно менталното здравје и барав решение и направив голема грешка што користев лекови на своја рака. Ја преземам одговорноста и им се извинувам на сите во клубот, соиграчите, навивачите за моите лоши одлуки. Ќе направам се на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам, Пол Џорџ напиша во соопштението до јавноста. мн/
Фото: ЕПА