Донарума разочаран што не е вклучен во составот на ПСЖ за Суперкупот на УЕФА
- Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, е разочаран што не е вклучен во составот за натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Тотенхем.
Париз, 12 август 2025 (МИА) - Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, е разочаран што не е вклучен во составот за натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Тотенхем.
Според новинарот Фабрицио Романо, 26-годишниот Италијанец наскоро ќе го искаже својот став за фактот дека Парижаните не му го обновија договорот и го потпишаа голманот Лук Шевалие.
ПСЖ го исклучи Донарума од составот за Суперкупот на УЕФА.
Донарума брани за ПСЖ од 2021 година. Во сезоната 2024/25, тој одигра 47 натпревари за Парижаните во сите натпреварувања, прими 43 гола и 17 пати ја зачува мрежата чиста. Неговиот договор истекува во летото 2026 година. зс/
Фото: ЕПА