• понеделник, 23 декември 2024

Дом за стари лица горлив проблем за пензионерите од Струга, но и регионот

Дом за стари лица горлив проблем за пензионерите од Струга, но и регионот

Струга, 21 април 2024 (МИА) - Оставени сами на себе, струшките пензионери, во 21-ви век бараат пристоен живот и можност за сместување во старечки дом. Но, не само во Струга, Дом за стари лица нема во цел Југозападен регион. Со ист проблем се соочуваат и пензионерите од Охрид, Дебар, Македонски Брод...

Трендот со иселување на младите од државата, но и миграцијата во поголемите градови ја зголемува потребата за грижа на лицата од третата доба.

Потребата од Дом за стари лица, за претседателот на Здружението на пензионери - Струга Милорад Трпоски, е болно прашање за пензионерите од регионот.

За решавање на проблемот, вели дека не добиле поддршка од институциите. Потсети на иницијативата од пред 10-тина години, кога заедно со здруженијата на пензионери од Дебар, Лабуништа, Вевчани, Охрид, Кичево и Македонски Брод, побарале од Сојузот на пензионери на Македонија решавање на овој горлив проблем. Но оттаму не добиле никаков одговор.

- Извадивме документи од Катастар и пративме до Сојзуот на пензионери, но не само што не мрднаа ни со малиот прст, дури и документите два пати ги праќав во Скопје со изговор дека не стигнале. По промената на структурите документите беа најдени во Сојузот, се наврати Трпоски.

За него, но и за струшките пензионери, енигма се двата хотели на Струшкото крајбрежје, кои во минатото биле сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но од непознати причини добиле приватни сопственици.

Основното јавно обвинителство Струга побара парични казни за три лица поради непочитување на полицискиот час.

- Во Струга имаше два пензионерски дома, се сеќавам во 60-тите години од минатиот век доаѓаа пензионери од цела Македонија. Постојано беа полни, дел од средствата за сместување ги партиципираше Фондот, а дел си плаќаа сами. За двата објекти нема пишана документација зошто се откажани од Фондот, односно сега имаат приватни сопственици, вели Трпоски.

За големата потреба од институционално згрижување на старите лица, говори и информацијата што ја сподели со МИА дека во Здружението оделе пензионери, кои ја нуделе пензијата за подостоинствен живот.

- Жално е, тука доаѓаат стари и изнемоштени лица, имаат пензии, некои и странски. Велат: „Еве ви ја пензијата сместете не негде. Мене не ми требаат овие пари сега, мене ми треба нега, телевизија, весници...“, раскажува Трпоски.

За двата објекти, кои некогаш биле старечки домови, смета дека неможе да се вратат повторно во сопственост на Фондот, но се надева на можност да биде отстапен дел од нив за грижа и нега на стари лица.

- Во Струга има 5.200 пензионери со семејни, старосни и воени пензии, а дополнителна бројка се инвалидските и трудовите инвалиди. Децата заминаа надвор од државата, старите останаа сами. Во моментот најмалку 100-тина пензионери имаат потреба од згрижување и нега во пензионерски дом. Излез во моментот не гледам, нагласува Трпоски.

Потребна е институционална грижа за стари и изнемоштени лица

Локалот во објектот на Здружението на пезионери, е единствено катче каде повозрасните го минуваат своето слободно време. Место каде поминуваат дел од денот, ќе се напијат пијалок, играат друштвени игри, ќе разменат муабет, се дружат. Но, тоа не е доволно, на некои од нив потребна им е здравствена заштита, дополнителна помош и постојана грижа, односно место каде ќе поминуваат 24 часа.

Потребата за институционална грижа на старите лица во Струга, е реална, смета и секретарот на општинската организација на Црвен крст - Струга Адуриме Даути. Според неа, потребата е регионална, не само локална, бидејќи во близина нема Дом за стари лица.

- Иако со проектот „Нега во домот“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика даваме услуга за старите и изнемоштени лица, сепак има реална потребата од институционална грижа за старите лица во Струга и регионот. Тоа го покажува и евалуацијата на нашата услуга и задоволството што некој се грижи за нив, не прави да сфатиме дека некои имаат потреба и од 24 часовна грижа. Со нашата услуга неможеме да ги покриеме сите. Има луѓе што чекаат ред за да добијат услугите за нега во домот, вели Даути.

Под мотото „Сите сме нивни деца“ волонтери на Црвен крст – Струга вршат набавки и достава на храна, лекови, средства за хигиена и други потребни продукти за стари и изнемоштени лица во рамки

Состојбата, заклучува, не е моментална и минлива, туку напротив, е реална и долгорочна поради миграцијата што ни се случува и намалувањето на наталитетот, односно старењето на населението. Тоа, нагласи, ја зголемува потребата за отворање Дом за стари лица во регионот.

Општина Струга подготвена да поддржи иницијатива за надминување на проблемот

За проблемот со грижата на повозрасните граѓани запознаен е и градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, кој посочи дека локалната самоуправа редовно ги поддржува ранливите категории, посебно старите лица.

Недостатокот на Дом за стари лица, според него, е голем проблем за Струга, а за негово решавање потребни се конкретни акции и иницијативи.

- Секој кој ќе покаже иницијатива, ние како Општина сме спремни да го поддржиме и ова да го ставиме во нашите развојни планови, изјави Мерко за МИА.

И тој се осврна на објект на струшкото крајбрежје, кој бил изграден како Дом за стари лица,

- Хотел „Галеб“ е изграден како Дом за стари лица. Неговата местоположба и капацитети беа одлична можност да се реши ова прашање. Хотел „Галеб“ како Дом за стари лица не само што ќе го решеше проблемот со недостатокот на оваа институција во општината, туку и ќе им донесеше многу позитивни влијанија и на самата општина и на градот. Преземањето на овој објект ќе создадеше нови работни места, ќе влијаеше развој на туризмот и ќе им обезбедеше на старите лица подобри услови за живеење и згрижување. Исто така, тоа ќе имаше улога во зголемување на квалитетот на живот за целокупната заедница, смета Мерко.

Пренамената на хотелот во Дом за стари лица, според него, би била одлична можност за Општина Струга да ја демонстрира својата посветеност кон згрижување за старите лица и за подобрување на квалитетот на живот за сите свои граѓани.

- Но, политиката и судството тука имаа многу влијание и ние повторно останавме извисени како општина. Има работи за кои политиката не треба да има влијание и да не лишува од ваквите можности. Во изминатите години Општина Струга четири пати го има добиено спорот во Основен суд и Апелација, но на Врховниот суд одлуката е преиначена, нагласи струшкиот градоначалник.

Струшките пензионери бараат достоинствено место со 24 часовна нега

Достоинствен дом за стари лица бараат и струшките пензионери. Според Стојан Кукунешоски, луѓето во третата доба во регионот се оставени сами на себе. Голем дел од нив немаат кој да ги згрижи, да им зготви, да им пазари, па и да ги подружи.

Црвениот крст на Град Скопје од денеска до 20 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која ќе се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за да

- Да обезбедиме за овој дел од популацијата, мислам на пензионерите да можат остатокот од животот да го доживеат на еден пристоен начин. Струшките пензионери, бараат Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери да преземаат мерки да им се вратат во владение објектите на Охридското Езеро, во нив да се сместат старите лица. Тие објекти беа изградени со средства од пензионерите на Македонија, или пак да им се отстапи дел од површината за да изградат нов пензинерски дом. Со оглед на тоа што во регионот нема ниту еден Старечки дом. Kон ова барање придружени се и здруженијата на пензионери од Лабуништа, Дебар, Центар Жупа, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Дебрца, вели Кукунешоски.

Додека институциите го решат проблемот за изградба на Дом за стари лица во Струга, единствена надеж кај струшките пензионери се волонтерите на Црвен крст и давателите на слични услуги преку разни проекти, со што барем малку им се олеснува во секојдневието.

Слаѓана Стојкова Костоски

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан