Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу седум или осум милиони евра, тврди Таравари
- И јас прочитав, меѓутоа сакам да демантирам, 100 милиони евра нема логика. Меѓутоа, има тенденции, посебно од ДУИ, да прикажат такви вести спектакуларно, рече министерот за здравство.

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Не е вистина дека има долг од 100 милиони евра. Сите комунални претпријатија во Македонија имаат 100 милиони евра. Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу седум или осум милиони евра, не повеќе и тоа се долгови што се наследени од пред да дојдам јас за градоначалник, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
- И јас прочитав, меѓутоа сакам да демантирам, 100 милиони евра нема логика. Меѓутоа, има тенденции, посебно од ДУИ, да прикажат такви вести спектакуларно. Значи, уште еднаш проверете и се надевам дека медиумот којшто го објави ќе бара извинување дека не е 100 милиони евра, одговори министерот на новинарско прашање.
Тој одговараше на новинарски прашања, по увидот во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. бд/ев/
Фото: МИА Архива