• сабота, 31 август 2024

Док Риверс ја постигна 100-та победа во плејофот и се израмни со Лери Браун

Док Риверс ја постигна 100-та победа во плејофот и се израмни со Лери Браун
Филаделфија, 19 април 2022 (МИА) – Екипата на Филаделфија предводена од тренерот Док Риверс ноќеска го победи Торонто со 112:97 во вториот натпревар од НБА плејоф серијата од првото коло. Победата беше 100-та за Риверс во плеј-офот. Тој се изедначи со познатиот тренер Лери Браун. Двајцата се на делба на 4. место на генералната листа на НБА. Лидер во победите во НБА плејофот меѓу тренерите е Фил Џексон со 229. Пред Риверс се уште и Пат Рајли со 171 и Грег Попович со 170 победи во разигрувањето за шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот. зс/

Остани поврзан