• сабота, 23 ноември 2024

Документарецот „Македонскиот Дон Кихот” дел од фестивалот „Балкан трафик” во Брисел

Документарецот „Македонскиот Дон Кихот” дел од фестивалот „Балкан трафик” во Брисел
Скопје, 21 април 2021 (МИА) – Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“ во режија на Константин Плевнеш е дел од официјалната програма на годинешното издание на фестивалот Балкан трафик”, кој ќе се одржува од денеска до 24 април во Брисел  Филмот е во продукција на ЕФА, а со поддршка на Агенцијата за филм. Посветен е на еден од најголемите македонски сликари, Владимир Георгиевски (1942-2017).  На годинешното издание на фестивалот Балкан трафик”филмот ќе се најде во придружба на значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа. Во програмата се наоѓа и Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како Град на културата на Европа за 2021 година”.бт/ дма/

Остани поврзан