• четврток, 26 декември 2024

Доко: Разноликоста е извонредна предност, а не хендикеп на нашето општество

Доко: Разноликоста е извонредна предност, а не хендикеп на нашето општество

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Кога говориме за правата на немнозинските заедници во многу сегменти нашата земја служи за позитивен пример во регионот, а и пошироко, рече заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко на конференцијата „Немнозинските заедници на патот кон ЕУ интеграција на Република Северна Македонија – можности и предизвици во преговарачкиот процес“ во организација на „Коалиција на граѓански организации – Форум на немнозинските заедници во Република Северна Македонија“. 

Доко се обрати на тема „Предизвиците за остварување на правата и инклузивно учество на немнозинските заедници", осврнувајќи се на владините стратегии и позитивни политики кои придонесуваат за подобрување на правата на немнозинските заедници. 

-Несомнено и натаму постојат предизвици и цели, а ние сме убедени дека со упорност и истрајност ќе оствариме уште повидливи резултати, истакна Доко,  додавајќи дека разноликоста е извонредна предност, а не хендикеп на нашето општество.вј/аа/

Фото:МПСОЗ

Остани поврзан