Доизградба на каналот Песјак во Македонски Брод
- Во рамките на проектот „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина во ЈЗПР“, Центарот за развој на Југозападен плански регион (ЈЗПР)
9 април, 2022 (МИА) - Во рамките на проектот „Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти и намалување на загадувањето на животната средина во ЈЗПР“, Центарот за развој на Југозападен плански регион (ЈЗПР) во координација со општина Македонски Брод, почнува со активности за довршување на каналот Песјак.
-Доизградбата на каналот Песјак во нашата општина опфаќа повеќе сегменти, од армирано-бетонски канал, поставување на канализациски цевки, поврзување на канализациските цевки со постоечките шахти, изградба и монтажа на нови шахти со метални капаци и приклучување на објектите во новата канализациска мрежа. Со реализцијата на овој проект ќе ја подобриме и еколошката слика и намалиме загадувањето на животната средина во општината, истакнаа од општина Македонски Брод.
Информираат дека во претстојниот период во оваа општина ќе се реализираат повеќе инфраструктурни проекти, кои ќе имаат за цел да ги подобрат условите за живот на месното население.за/свс