• сабота, 23 ноември 2024

Доживотна казна за уште 92 лица во Турција поради обидот за државен удар

Доживотна казна за уште 92 лица во Турција поради обидот за државен удар
Анкара, 29 декември 2020 (МИА) - Турскиот суд денеска осуди 92 обвинети, вклучително и висок воен персонал, на доживотен затвор за учество во неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, објави државната новинска агенција Анадолија. Повеќе од 250 лица беа убиени во обид за соборување на владата на 15 јули 2016 година, кога одметнатите војници се обидоа да ги преземат клучните институции со борбени авиони, хеликоптери и тенкови. Доживотни казни затвор без можност за помилување добија 12 обвинети, меѓу кои и команданти на копнените сили. Минатиот месец, судот одделно ги казни водачите на обидот за државен удар за кој Анкара го обвинува исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД. Тој го негира обвинението. - Околу 292.000 лица се приведени поради наводна поврзаност со Ѓулен, а речиси 100.000 чекаат судење, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Околу 150.000 вработени во јавниот сектор беа отпуштени или суспендирани по пучот, а судовите изрекоа речиси 2.500 доживотни казни затвор. Министерството за одбрана протера повеќе од 20.000 војници. паг/  

Остани поврзан