• среда, 25 декември 2024

Доделени седмосептемвриските награди во Кавадарци

Доделени седмосептемвриските награди во Кавадарци
Кавадарци, 7 септември 2021 (МИА) - На свечена седница по повод 77 години од ослободувањето на градот, денеска општинскиот Совет на Кавадарци ги додели седмосептемвриските награди. Борче Стаменов ја добива наградата за особен придонес во областа на хуманоста за лицата изложени на социјален ризик. За особен придонес во стопанството, наградата ја добива фабриката „Дрекслмаер”. Територијалната противпожарна единица, ја добива наградата за придонес во заштитата и унапредување на животната средина и природа, а судијата Лазар Нанев, наградата ја добива за придонес во областа на науката и публицистиката. Пред присутните се обратија претседателот на Советот на општината Ристо Сакалиев и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. свд/аа/

Остани поврзан