• среда, 27 ноември 2024

Доделени првите 11 грантови за жените од руралните средини со цел зајакнување и унапредување на нивната положба во државава

Доделени првите 11 грантови за жените од руралните средини со цел зајакнување и унапредување на нивната положба во државава
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) - Потпишани првите 11 од вкупно 250 договори за грант наменети за жените од руралните средини во вредност од 3.000 евра, со цел поддршка, зајакнување и унапредување на нивната положба во државава. - Денеска 10 од вкупно 50 наши сограѓанки жени кои со својата работа учествуваат во развојот на земјоделството со својата сопствена иницијатива ќе добијат финансиски грант во висина од 180 илјади денари за набавка на опрема која ќе им помогне во нивните досегашни, но секако пред се идни активности, изјави премиерот Зоран Заев на доделувањето на грантовите. Целта на ваквата мерка, како што додаде е поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство за подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди за подобрување на квалитетот на земјоделското производство и за намалување на трошоците во работењето. Додаде дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД -19 уште повеќе била нагласена потребата од производство на здрава, квалитетна и разновидна храна. -Грантот за руралните жени од мерката Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство е само една од повеќето мерки на МЗШВ за директна поддршка на индивидуалните земјоделки и земјоделци како што се се уште и грантот Млад земјоделец, како и поддршка за стартување на нов агробизнис. Од голема важност е и искористувањето на мерките од ИПАРД-Програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство, рече Заев. Допонително информира дека следуваат повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, домови за стари лица, капацитети за обработка на дрво, пчеларство и други. На настанот се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа кој соопшти дека за само една година се зголемил бројот на регистрирани жени и тоа за повеќе од 2.000, што според него е доказ дека ваквите мерки даваат резултат. -Жените отсекогаш играле кучна улога во развојот на човештвото нивните вредни раце го одржуваат домаќинството, работат од утро до вечер на нивите фарми, полињата и пазарите, тие се вистински носители на животот на едно земјоделско семејство. Драго ми е што кај руралните жени расте самодовербата, стануваат се похрабри, тие се образовани и знаат како да го применат своето. Целта на оваа мерка е да се подобри социјалната реалност за оваа наша заложба зборуваат и фактите од нашиот единствен регистер на земјоделство и стопанство според кои бројот на регистрирани жени носители на земјоделски стопанства постојано расте. Среќен сум што наместо првичните 100 договори обезбедиме средства за сите жени кои аплицирале и ги исполниле условите да добијат финансиска поддршка, истакна Хоџа. Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски рече дека жените со оваа мерка ќе станат носители на економскиот раст. -Владата, Министеството и Агенцијата во партнерство со експертите и невладиниот сектор  првпат креираа мерка преку која овозможуваме половолни услови и можности жените да отвораат сопствени бизниси,  да работат и делуваат во средините во кои живеат. Жените повеќе не се само набљудувачи туку стануваат и носители на на економскиот раст, истакна Бачовски Според раководителката на „UN Women“, Весна Ивановиќ, жените во рураните средини се клучни за постигнување на трансформативни економски и социјлни промени потребни, но за одржлив развој. Со помош на грантовите жените од руралните средини ќе можат да набават опрема за винарство, опрема за производство на мед и производи од пчели, опрема за млин, калапи за сирење, машини за преработка и мелење месо и останата преработувачка опрема. Потпишувањето на договорите за грант од Програмата „Рурални жени“ на МЗШВ беше спроведено од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.свс/скс/  

Остани поврзан