• сабота, 23 ноември 2024

Договор на ЕУ за давање „привремена заштита“ на бегалците од Украина

Договор на ЕУ за давање „привремена заштита“ на бегалците од Украина

Париз, 3 март 2022 (МИА) - Европските министри за внатрешни работи, на состанокот денеска во Брисел, се согласија да им дадат „привремена заштита во ЕУ на бегалците кои бегаат од војната во Украина“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, оваа одлука ја објавија францускиот министер Жералд Дарманин и еврокомесарот Илва Јохансон. 

Тие не прецизираа дали мерката ќе важи и за бегалците кои бегаат од Украина, но немаат украинско државјанство, прашање што ги дели некои од земјите-членки - Полска, Словачка, Унгарија и Австрија, кои се спротивставија на ова. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан