• четврток, 19 март 2026

Договорени конкретни активности меѓу Општина Дебар и друштвото на дебрани во САД

Договорени конкретни активности меѓу Општина Дебар и друштвото на дебрани во САД

Дебар, 18 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, заедно со членови на Советот на општината, попладнево остварија средба со Арлинд Лела, член на управниот одбор на друштвото „Дибра“, на дебрани во САД. 

-Средбата се одвиваше во дух на соработка и меѓусебно разбирање, при што одблиску беа разгледани актуелните проблеми, предизвици, како и идните активности. На оваа средба беше договорено да се формираат две работни групи кои ќе работат во координација за реализација на заеднички иницијативи и проекти, информираа од општината.

Исто така, била разгледана можноста во просториите на општинската зграда во Дебар да се обезбеди канцеларија за друштвото „Дибра“, која ќе биде во служба на развојот и координацијата на нивните активности.

Во наредниот период ќе биде подготвен стратешки план за заедничките проекти и идната работа, како и начинот на соработка помеѓу Општината и друштвото.

Договорено да се изготви и заеднички календар на активности со цел подобра координација и успешно реализирање на идните настани.

-Друштвото „Дибра“ обавува одлична и многу значајна работа за нашата многубројна дебарска заедница  во Соединетите американски држави. Нивната посветеност за зачувување на вредностите, традицијата и обединувањето на дијаспората е за голема почит и поддршка, било констатирано на средбата.

Друштвото „Дибра" е основано во 90-ти години од минатиот век, кога почнала помасовната миграција на дебрани кон САД, каде неофицијално живеат околу 20 илјади дебрани и нивни потомци.

Редовно реализира активности за помош на родниот крај во повеќе области, пред се набавка на апаратура и реконструкција на дебарската болница, помош при потреба од средства за тешки оперативни зафати надвор од Македонија, подобрување на патната инфраструктура, финансиска помош за семејства во социјален ризик. вт/са/

Фото: Општина Дебар

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан