• недела, 24 ноември 2024

Договорена размена во Серија „А“: Абрахам и Салемејкерс ги менуваат тимовите

Договорена размена во Серија „А“: Абрахам и Салемејкерс ги менуваат тимовите

Милано, 30 август 2024 (МИА) - Тами Абрахам дојде во Милано на лекарски прегледи пред да потпише позајмица со „росонерите“. Од друга страна, Алексис Салемејкерс од северот на Италија се упати кон Рим, каде треба да го облече дресот на Рома.

Преговорите помеѓу Милан и Рома синоќа беа блиску до ќорсокак. Челниците на клубот од италијанската престолнина бараа десет милиони евра за Абрахам. Милан беше подготвен да плати само седум.

На крајот беше постигнат компромис за размена на двајца фудбалери на позајмица, без опција за купување следното лето.

Тренерот на „росонерите“, Пауло Фонсека со месеци го посакува доаѓањето на англискиот напаѓач. Абрахам во дресот на „волците“ го крена трофејот во Конференциската лига за 2022 година. Поради повреда на лигаментите, тој ја пропушти речиси цела минатата сезона и падна во втор план на главниот тренер Даниел де Роси.

Алексис Саелмејкерс е член на Милан од 2020 година, но претходните 12 месеци ги помина на позајмица во Болоња. Во походот за пласман во Лигата на шампионите, белгискиот крилен напаѓач постигна четири гола и даде три асистенции. дс

Фото: Архива

Остани поврзан