• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Добротворен настан по повод Велики Четврток во КСОМ

Добротворен настан по повод Велики Четврток во КСОМ

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Добротворните организации „Хуманитарни акции во Македонија“ и „Хуманост 2022 - Подај рака“ од Скопје денеска организираа хуманитарен настан по повод Велики Четврток.

Добротворната акција се спроведува во просториите на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) во Скопје. Целта на оваа Кампања „Храна за сите", како што појасни претседателот на „Хуманитарни акции во Македонија“, Владимир Чолаковски, е дарување и распределба на хуманитарна помош за ранливите категории граѓани.

- Ова е една од низата хуманитарни акции што ги спроведуваме со нашите две организации. Имавме и Бадников-Божиќен добротворен настан и многу други вакви настани. Помошта е наменета за луѓе од социјално-ранливите категории, лица со попреченост, самохрани родители, жртви на семејно насилство, изјави Чолаковски.

Тој истакна дека здружението има свои ограноци во повеќе градови ширум цела држава - Охрид, Струмица, Куманово, Штип, Гевгелија итн. и помагаат секаде каде што е потребно.

- Ги повикуваме сите хумани луѓе во Македонија - секој кој може да помогне, и поединци и компании, да се приклучат кон ова пружање помош!, нагласи Дејан Петанчески - еден од организаторите и претседател на „Хуманост 2022“.

Во тек се матурантските донации - помош за деца и млади од посиромашните семејства, кои веќе добиваат дарувана облека, шминка, забарски преглед и интервенции, и друг вид помош. На Фејсбук-страницата „Матурантски Донации 2025та - Хуманитарни акции.мк, заинтересираните може да договорат и пријават своја донација. Се повикуваат сите луѓе, и училишта и други установи - да земат што поголемо учество во овие добротворни акции.  си/са/

Фото: Здружение „Хуманитарни акции во Македонија“

Остани поврзан