Добитник на американската лотарија освои 1,05 милијарди долари
- Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер“ во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиге

Детроит, 23 јануари 2021 (МИА) - Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер“ во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген, и тоа е трета најголема добивка во историјата на игри на среќа во САД.
- Некој утрово се разбудил во Мичиген и ја слушнал веста која ќе му го промени животот. Му честитаме на среќниот добитник, изјави Рејчел Харст, регионална претставничка на синџирот продавници „Крогер“.
Добитник на лотаријата не е извлечен уште од септември минатата година, кога последен пат е освоена награда во износ од 20 милиони долари. гт/