• вторник, 24 декември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Скопје, 16 август 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 21.701.338 лица. Од нив починале 770.535, а оздравеле 14.408.292 луѓе. -Во Грција веќе петти ден регистрирани се над 200 нови случаи Ковид-19, односно 217 во изминатите 24 часа, а починаа две лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 7.075 лица, а починаа вкупно 228. -Министерството за здравство на Кипар соопшти седум нови случаи на Ковид-19 од 2.475 направени тестови, со што бројот на заболени се зголеми на 1.339 лица. - Бројот на потврдени случаи во Унгарија се зголеми за 39 - на 4.916 во изминатите 24 часа. Уште едно лице почина од Ковид-19, а вкупно 608 лица починале од почетокот на пандемијата. Во моментов, активни се 685 случаи на инфекција, а 62 се хоспитализирани од кои шест се на респиратори. - Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 151 нови случаи на инфекција со вирусот, а едно лице почина. Бројот на заразени лица е 1.185. Од нив, 126 пациенти се наоѓаат во болница, а 11 се на респиратор.Вкупно 6.571 случаи на коронавирус се потврдени во Хрватска досега, а 166 лица починале. - Бројот на случаи на инфекција  кои локално се пренесуваат во Кина, е на најниско месечно ниво откако се објавени податоците за западниот регион Синџијанг. Во последните 24 часа во Кина има четири локално пренесени случаи и сите се од тој регион. Нема нови случаи во Шенжен или Гуангжу. Потврдени се вкупно деветнаесет случаи во Кина, вклучително и увезени случаи - луѓе кои се позитивни за вирусот, но пристигнале од странство. Еден ден претходно, регистрирани беа 22 позитивни случаи на ковид-19. Во Кина, од почетокот на пандемијата што избувна во декември минатата година, вкупно се заразени речиси 85.000 луѓе. - Во Индија, во последните 24 часа се пријавени 944 смртни случаи поврзани со коронавирусот. Индија, каде што има речиси 50.000 починати луѓе од вирусот, е на четвртото место по бројот на жртви од Ковид-19, по САД, Бразил и Мексико. Во последните 24 часа, пријавени се 63.490 нови случаи (вкупно скоро 2,6 милиони луѓе). Во текот на август, забележан е голем скок на смртни случаи, при што повеќе од една четвртина од вкупниот број жртви починаа во последните две недели. Во меѓувреме, стапката на оздравени надминува 70 проценти. - Јапонија има повеќе од 1.000 нови случаи на коронавирус веќе трет ден, а денеска се регистрирани 1.238 заразени лица. Во главниот град Токио се регистрирани 385 случаи на Ковид-19. Уште три лица починаа од вирусот. Јапонија досега има 55.426 потврдени случаи на коронавирус и 1.111 смртни случаи. -Бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 401, откако во минатите 24 часа се регистрирани нови 11 починати. Во текот на вчерашниот ден се забележани и нови 142 заразени лица, со што вкупната бројка на евидентирани носители на новиот коронавирус од почетокот на епидемијата достигна до 11.416. Во истиот период се регистрирани и рекордни 230 излекувани од Ковид-19, со што бројот на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 7.191. Тоа придонесе и за да се намали бројот на активни случаи - од 3.924, колку што изнесуваше вчера, на 3.824. Во лабораторијата за нуклеарна микробилогија при Институтот за јавно здравство на Косово вчера се извршени 440, а од почетокот на епидемијата 43.984 тестирања.

Остани поврзан