Ди Франческо ја напушта Верона по само три кола во Серија А
- Тренерот Еузебио Ди Франческо ја напушти функцијата главен тренер на Верона, соопшти прес-службата на италијанскиот фудбалски прволигаш.

Верона, 14 септември 2021 (МИА) - Тренерот Еузебио Ди Франческо ја напушти функцијата главен тренер на Верона, соопшти прес-службата на италијанскиот фудбалски прволигаш.
Се забележува дека целиот тренерски штаб исто така е разрешен.
Ди Франческо го презеде тимот на 7 јуни 2021 година. Договорот му беше со важност до 2023 година.
Во тековната сезона, по три кола, Верона не успеа да освои ниту еден бод. зс/