• сабота, 23 ноември 2024

Ди Марија: Само два пати играв во Лига Европа, сега имам шанса да победам

Ди Марија: Само два пати играв во Лига Европа, сега имам шанса да победам

Лисабон, 13 декември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Анхел Ди Марија се надева дека ќе ја освои Лигата на Европа.

Португалскиот клуб синоќа во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите го победи Салцбург на гостински терен со 3:1 и избори пласман во Лигата на Европа како третопласиран во Д-групата.

- Мислам дека заслуживме да победиме. Прикажавме одлична игра и тоа го заслуживме со нашата работа. На претходниот натпревар упативме 37 удари и постигнавме само еден гол. Ја заслуживме оваа победа за нас, нашето семејство и навивачите. Му кажав на Руи Коста дека Лига Европа е она што ми треба. Таму играв само двапати и сега имам уште една шанса. Ние сме на вистинскиот пат, секоја титула е важна и ќе се обидеме да ја постигнеме целта, изјави Ди Марија за „DAZN“.

Од оваа група во плејофот на Лигата на шампионите пласман изборија Реал Сосиедад  и Интер со по 12 бода. Бенфика е трета со 4 бода, исто толку има и Салцбург на последното место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан