• вторник, 24 декември 2024

Ди Каприо со години немал контакт со Диди

Ди Каприо со години немал контакт со Диди

Лос Анџелес, 24 септември 2024 (МИА) - Американскиот глумец Леонардо ди Каприо индиректно одговори на јавните повици околу неговото присуство на познатата „Бела забава“ на осомничениот за секс-трговија, раперот Шон Диди Комбс.

Откако неодамна почнаа да се преобјавуваат фотографии од холивудската ѕвезда во опуштено друштво со контроверзниот рапер, извор близок до Ди Каприо тврди дека тој „со години“ не бил во контакт со Диди и никогаш не присуствувал на ниту една забава со проститутки.

„Леонардо ди Каприо нема апсолутно никаква врска со ништо од ова. Тој присуствуваше на неколку негови забави во годините по 2000-та - но, буквално сите беа таму... Немаше ништо непристојно. Тоа беа големи куќни забави. Лео во тоа време беше на почетокот на својата кариера и оттогаш се оддалечи од забавите“, нагласува неименуваниот извор.

Диди, инаку, е обвинет и дека на неговите тн. „непристојни забави“, со дрога како кетамин и кокаин, принудувал жени на секс-услуги.

„Тој (Ди Каприо) нема никаква врска со ништо од тој свет, така што некој да претпоставува дека е замешан во ова врз основа на неколку безначајни слики од пред повеќе од 20 години - е смешно. Лео е сосредоточен на кариерата и неговата врска и воопшто не размислува за федералниот судски случај со Диди, со кого тој нема никаква врска“, заклучува изворот.

Во 2017 година, во интервју за Вог, Диди беше прашан која била првата личност на листата поканети за неговата „Бела забава“, па без двоумење раперот одговори дека тоа бил Леонардо ди Каприо.  си/паг/

Фото: Х

Остани поврзан