• вторник, 24 декември 2024

Ди Каприо внесе и малку „гламур“ на Конференцијата на ОН за климата

Ди Каприо внесе и малку „гламур“ на Конференцијата на ОН за климата
Глазгов, 3 ноември 2021 (МИА) - Американскиот глумец Леонардо ди Каприо внесе малку холивудски гламур на Конференцијата за климата на Обединетите Нации во Глазгов, а неговото присуство на третиот ден од настанот привлече бројни новинари и обожаватели. Актерот, кој е претставник на ОН за климатските промени, вчера се појави во темно-сино одело, со темна маска на лицето. Околу него имаше голема група луѓе кои се надеваа дека ќе направат ексклузивна снимка со своите мобилни телефони. Ди Каприо (46) посети и изложба во главниот конференциски центар чија цел е да ја покаже улогата на растенијата во изнаоѓањето решенија за климатските промени. Неговиот гласноговорник рече дека глумецот уживал во посетата и пораките за решенија за климатските промени кои произлегуваат од природата.  си/

Остани поврзан