• вторник, 26 ноември 2024

Дирекцијата на ТИРЗ овозможува брза и едноставна постапка за поставување кровни панели за фирми во зоните

Дирекцијата на ТИРЗ овозможува брза и едноставна постапка за поставување кровни панели за фирми во зоните
Скопје,  7 октомври 2022 (МИА) - Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) овозможува целосна, брза и едноставна постапка за поставување фотонапонски централи на кровни конструкции за сопствени потреби на компаниите. Условите во однос на регулативата се значително поедноставени и од денеска ќе бидат поставени на веб страницата на Дирекцијата. Како што информира директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, нема посебни ограничувања, освен она што е неопходно да се достави од аспект на проекти и техничка документација. Потребни се, нагласи, градежна дозвола и елаборат. Еден ваков проект е веќе реализиран. Се работи за компанија од зоната во Струга која за неполни три месеци од аплицирањето, веќе има функционален соларен панел. -Процедурите се икслучитлно едноставни и сè се одвива во рамки на Дирекцијата. Можноста за компаниите претпоставува дека енергијата што ќе се генерира во централите ќе биде искористена исклучиво за сопствени потреби. Но, работиме и на модел кој ќе овозможи дополнително оној капацитет што постои, а не е потребен за сопствени потреби, да се преземе во мрежата и да биде достапен по цени доста пониски од пазарните и за останатите економски субјекти и за граѓаните кои не оперираат во зоните. За тоа наредните денови ќе се одржи посебна презентација пред компаниите од аспект на условите по кои ќе може овие вишоци да се пласираат назад во мрежата и да им бидат на располагање и на фирмите и на граѓаните, потенцира Деспотовски. Тој ги повика компаниите од зоните да аплицираат. - Денеска на веб страницата на Дирекцијата ќе биде поставен Протоколот за аплцирање и добивање соглансост за поставување фотонапонска централа на кров за сопствени потреби. Компаниите ќе имаат целосен увид во процедурата. Не станува збор за никакви финансиски поттикнувања, туку единствено за технички олеснувања. Се работи за брза, ефикасна административна постапка, тоа е поволноста, што Дирекцијата ја овозможува целата услуга. Ги повикувам компаниите да аплицраат и да добијат согласнот за поставување панели, истакна директорот. мч/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан